Големите луѓе се успешни благодарение на мотото кое ги води во моментите на незадоволство или неуспех.
Токму затоа, пронајдете го сопственото мото помеѓу овие 10 инспиративни реченици.
1. Нашиот најдлабок страв не е дека сме немоќни, туку дека сме моќни над секоја мерка. Нашата светлост, а не нашата темнина, е онаа која не плаши.
2. За сè постои решение!
3. Кога го правите она што го сакате, сте го поставиле каменот темелник на својот живот.
4. Во душата никогаш нема да се создаде виножито, ако во очите немало солзи.
5. Само луѓето без визија ќе ви кажат дека сонувањето е губење на време.
6. Ако пронајдете добра жена ќе бидете среќни, ако не – ќе станете филозоф.
7. Пред да си поставите дијагноза на депресија или ниска самодоверба, прво проверете дали сте опкружени со лоши луѓе.
8. Промашив повеќе од 9.000 кошеви во кариерата, изгубив речиси 300 натпревари, а 26 пати го промашив одлучувачкиот кош. Но секогаш продолжував понатаму и тоа е причината за мојот успех.
9. Ако на човекот му ја одземете борбата, ќе му ја одземете победата. Дури и гасеницата не станува пеперуга без мака.
10. Ако вашите соништа не ве плашат, значи не се доволно големи!