
Истражувањето покажало дека луѓето со џуџест раст кои боледуваат од една ретка генетска болест, Ларонов синдром, никогаш не боледуваат од карцином или шеќерна болест. Сега научниците ја анализираат нивната ДНК обидувајќи се да го најдат лекот за овие болести и да ги искоренат еднаш за секогаш.
Ендокринолозите сметаат дека анализата на ДНК-та на овие луѓе ќе предизвика револуција во современата медицина. Проучувајќи ги овие луѓе научниците откриле дека истите се имуни на рак и дијабетес. Тие сметаат дека тоа се случува бидејќи црниот дроб на овие луѓе не произведува полипептиден хормон наречен IGF-1.
Научниците се убедени дека во генетскиот код на овие џуџиња се крие лекот против рак и дијабетес. Се проценува дека луѓето кои го имаат Лароновиот синдром ги има вкупно 300 на планатата, а се среќаваат само помеѓу арапските и семитските народи. Според некои антрополози луѓето кои го носат овој синдром воопшто не се хомо сапиенс, туку наследници на изумрена врста пештерски луѓе од групата хомо флоресиенсис.
httpv://www.youtube.com/watch?v=qo6cflORayw