Елена Мургоска доби огромно претпразнично изненадување и најубав новогодишен подарок. По осумгодишна врска, нејзиниот сакан ѝ предложи брак.
Трајче Митревски ѝ го постави на Елена најважното љубовно прашање во Скопје Сити Мол, каде што работат и двајцата.
Скопје Сити Мол и балетското училиште Ребис му помогнаа на Трајче да го направи специјалниот момент незаборавен.
Изненадувањето започна со танц на „Marry Me“ од Бруно Марс.