
„Корисникот што ќе го „замолчите“ ќе може да ги ретвитува вашите твитови, да ги става во фаворити и да одговара во комуникацијата, но едноставно неговите објави нема да се појавуваат во вашиот тајмлајн“ – изјави продукт менаџерот на Twitter, Пол Росаниа. Тој додава:
„Замолчениот корисник нема да знае дека сте ја искористиле таа опција, а секогаш ќе можете да ги вратите неговите твитови во вашиот тајмалјн“.
Слична опција веќе извесно време е достапна преку Tweetbot апликацијата, пишува Mashable.
Оваа функција ќе биде доста корисна во ситуациите кога некој твита за настан што не ве интересира или пак е вклучен во конверзација што ви смета. Исто така оваа опција ќе биде корисна за оние кои сакаат да возвратат на следењето од некој бизнис партнер или пријател, но не сакаат да ги читаат неговите твитови.
Росаниа најави дека Mute функцијата во следните неколку недели постепено ќе станува достапна за корисниците.