На караванот на Државна лотарија на Македонија доделени три автомобили

popara14 мај, 20141min00
01

Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, во време на очекување на седмиот милионер – добитник на НовоЛото 7ка и во пресрет на шестото извлекување од наградната игра Фискала во рака – Награда без мака, Државна лотарија на Македонија го реализира караванот со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите, граѓаните можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија, плус во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
Интересно е што токму во рамките на овој караван, уште на самиот негов старт, имавме прилика да се дружиме и со најновите добитници на добивките во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Досега, доделени се клучевите на три автомобили. На првиот ден од караванот на Државна лотарија на Македонија тимот на Државна лотарија на Македонија го посети Тетово, а пред продажното СРЕЌНО МЕСТО – Бартон, водителката Марјана Станојковска го додели автомобилот Пежо 208 на среќното семејство Трајчевски. Во Битола, пред продажното место Вагабонт, клучевите од автомобилот Рено Твинго Тренд, благодарение на Инстант лотаријата Твингоманија 2, на среќната добитничка Ленче Синановиќ Христовска и ги додели водител Виктор Петров Викса. Караванот на Државна лотарија на Македонија во Неготино го донесе и автомобилот Пежо 208, извлечен во 5тото коло од наградната игра Фискална во рака – награда без мака. Добитничка на овој автомобил е Милица Поповска од Неготино. Клучевите од прекрасниот автомобил Пежо 208, на добитничката Милица Поповска и ги додели водителката на Лото 5, Маја Ристевска.
По доделените три автомобили, Караванот продолжи да трага по нови среќни добитници. Ги посетивме Куманово и Велес, денес сме во Прилеп, а следните промоции се одвиваат по овој редослед :

ЧЕТВРТОК 15ти КОЧАНИ АНАФИЛ
ПЕТОК 16ти ШТИП ТУТУН ПРОМ
САБОТА 17ти СТРУМИЦА ДООЕЛ КРЕЧЕВИ ( во центар кај Тинекс)

ПОНЕДЕЛНИК 19ти ГЕВГЕЛИЈА МОНТЕ МК
ВТОРНИК 20ти КАВАДАРЦИ СИГМА
СРЕДА 21ви КИЧЕВО ДЕТЕЛИНКА
ЧЕТВРТОК 22ри ГОСТИВАР ЈОТОН
ПЕТОК 23ти ОХРИД ПРАГМА
САБОТА 24ти СТРУГА КИКИ ТВИНС

Бидете таму, можеби токму некој од вас ќе биде следниот добитник на премија на една од нашите игри на среќа НовоЛото 7/34, Бинго Бум, Лото5, Кено и Инстант лозовите: Среќни тркала, Детелинка, Смајли, Твингоманија, 7ма Брзина, Среќни коцки и Подарок кои нудат автомобили, скутери и парични добивки до еден милион денари.