Запознал млада мајка преку интернет, ја завел, а потоа…

popara3 декември, 20141min00
14

Дејвид Џенс (34) ја завел својата жртва, 28-годишна осамена мајка. Тие се запознале на почетокот на оваа година на еден сајт за запознавање. „Играл“ на картата на нејзиното сожалување, измислувајќи дека води борба со ракот. Станале пар, а веќе 15 дена биле доволни за тој да го покаже вистинското лице, искажувајќи болна љубомора и посесивност.

Секогаш ја обвинувал дека се гледа со некој. Од неа дури и барал да се слика со мобилен телефон и да му испрати слика, кога била некаде надвор.

Таа во третиот месец го напуштила.

Но, овој маж од Велика Британија продолжил да ја прогонува испраќајки и` пораки преку Фејсбук и мобилен телефон, а во седум дена и` телефонирал дури 167 пати.

И` се заканувал, а во четвртиот месец жената се согласила да се види уште еднаш со него и тогаш почнал ужасот.

Ја однел во бунгалови и на преплашената жена и` рекол дека никогаш веќе нема да го види своето дете.

Тука повеќе пати ја силувал и жртвата едвај успеала да побегне со помош на работник на камперската населба. Полицајците го фатиле Џенс. Тој е осуден на 8 години затвор, а пред судот рекол дека жената сама се согласила да оди со него на „романтично патување“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma