Еминем се здоби со огромна популарност во 1999 год. по објавувањето на неговиот прв комерцијален албум The Slim Shady LP, кој освоил Греми награда за најдобар рап албум. Неговиот следен албум The Marshall Mathers LP, стана најбрзо продаваниот соло албум во американската музичка индустрија.
Албумот го издигна Еминем во музичките височини, што резултираше со отворање на неговата сопствена продукциска куќа Шејди Рекордс. Како последица на неговиот комерцијален успех, рап групата од Детроит Д12, во која воедно членува и тој, премина од андерграунд во меинстрим рап.
Еминем денеска важи за еден од најуспешните изведувачи во светски рамки. Зад него стојат дури и Гинисови рекорди, а тој не планира да запре во скоро време. Веќе најави нов албум, за кој уште не се познати премногу детали.
Каналот Alltime Numbers направи кратко видео во кое претстави неколку бројки што стојат зад самиот пејач.