Животот не станува полесен, вие станувате посилни

20 декември, 20140
16

Колку пати сте се почувствувале како сè ви оди од рака и полесно сте се справиле со некои потешки проблеми свесни дека за секој проблем постои решение?

Колку пати сте направиле точна одлука и претпоставка откако сте минале низ тешка врска и правилно сте постапиле во нова врска?

Колку пати сте сфатиле дека не е потребно да се нервирате околу ситници и проблеми кои не се во ваша моќ и не може да ги решите?

Доколку одговорите на овие неколку прашања се – многу пати во последно време, тоа значи дека вие сте една зрела личност која знае како да си го направи животот полесен, со тоа што станала посилна.

Ако се пронајдовте во сето ова, тогаш сигурно ќе се пронајдете и во овие неколку факти кои докажуваат дека вие сте спремни да живеете во реалноста, да го оставите назад минатото и да чекорите кон иднината, полека но сигурно, посилни од секогаш.

Сте ги елиминирале негативците

Веќе знаете кои луѓе ви одговараат најмногу за дружба, а тоа се оние позитивните кои ме охрабруваат и засмејуваат дури и во најтешките моменти. Негативците се оние што сте ги ставиле на црната листа на личности кои сте ги избришале во животот, бидејќи истите само ви ја краделе енергијата и ништо повеќе.


Размислувате неколку пати пред да кажете нешто

Знаете дека понекогаш зборот сече повеќе од сабја и може да повреди многу личности околу вас. Иако понекогаш знаете дека сте во право, молчите бидејќи не сакате да предизвикувате конфликти. Размислувате два пати или можеби повеќе пред да кажете нешто, што е одлика на еден свесен, зрел човек кој знае како треба да се однесува со останатите.


Знаете дека без секој еден се може

Не жалите повеќе за поранешните партнери бидејќи го следите правилото – „Да би биле добри, не би биле бивши”. Брзо закрепнувате после раскинување и знаете каква личност сакате покрај себе, во потрага сте по истата и сте сигурни дека наскоро ќе ја пронајдете.


Болестите се поретко застапени во вашето секојдневие

Навремено реагирате на промените во вашиот организам, често се храните поздраво и понекогаш практикувате некоја физичка активност, а прегледите кај матичниот лекар се навремено направени. Грипот, настинката и алергиите се минато бидејќи истите знаете како да ги спречите на време.


Почитувате бидејќи сакате да бидете почитувани

Ги почитувате сите околу вас иако тоа некои не го заслужуваат бидејќи знаете дека сте подобра личност од нив. Се водите кон принципот – „Не им го правете на другите, она што не сакате да ви го направат на вас”. Почитувате за да бидете почитувани и знаете да простите, бидејќи сфаќате дека така се чувствувате слободно и над сите.


Знаете кога е доста!

Не трпите навреди, озборувања, љубоморен партнер кој ве контролира, лажни пријатели и манипулација. Едноставно знаете кога да кажете „доста” во одредени ситуации!

zivotot-ne-stanuva-polesen-vie-stanuvate-posilni-2.jpg

Доколку се пронајдовте и вие во сите овие ситуации тоа е доказ дека животот за вас не станал полесен, туку вие сте станале посилна и посамоуверена личност која е главна можеби не во светот, но во нејзиниот свет!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş