Зошто овие мртви тела не се распаѓаат и им пркосат на природните закони?

21 октомври, 20140
19

Распаѓањето на човечкото тело по смртта е сосема нормална појава. Но, во светот постојат неколку невообичаени случаи на тела кои им пркосат на природните закони и со векови остануваат во своевидна мумифицирана состојба.

Света Бетина Зита

Телото на света Зита може да се види во базиликата Сан Фредијано во Лука, Италија. Иако е почината во далечната 1272-ра година, таа се уште изгледа одлично. Освен лицето кое е значително исушено, другиот делови од телото се во мошне добра состојба.

Даши –Дорзо Итигилов

Приказната за Даши е исто толку неверојатна како и состојбата на неговото тело. Додека се уште бил жив побарал да започнат подготовките за неговиот погреб. Починал во лотус позиција за време на длабока медитација. Побарал да биде закопан, токму онака како што починал и по неколку години од смртта да биде откопан. Состојбата на неговото тело своевремено беше опишана како тело на човек кој умрел пред 36 часа. Сепак, со текот на годините неговиот труп почнува да го менува изгледот.

„La Doncella”

Девојката која го носи прекарот „La Doncella“ пред 5 века починала од остар удар во главата. Телото останало на Андите во седечка позиција каде што под дејство на ниската температурата и воздухот трупот ја задржал совршената форма, се додека не бил пронајден во 1999-та.

Чин Жуи

Чин е позната како сопруга на кинески благородник од Хан династијата. Починала како резултат на срцев удар, поради својот нездрав начин на живот. Трупот е пронајден во 1971-ва година во прилично добра состојба. Се уште не е познато како нејзиното тело не се распаднало и по повеќе од 2000 години.

Света Катарина Лабур

Света Катарина Лабур е католичка калуѓерка позната по своите визи на Дева Марија. Била закопана по својата смрт во 1876-та, па потоа е ексхумирана во 1933-та како дел од нејзината беатификација. Телото изгледа потполно зачувано, но рацете се вештачки. Оригиналните дланки се отстранети од телото и сочувани на посебно место бидејќи се верува дека со нив ја допрела Дева Марија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *