Зошто повозрасните мажи сакаат помлади жени?

15 септември, 20140
4

Признајте, дека кога ќе видите повозрасен маж со помлада жена, претпоставувате дека поминува низ своевидна криза на средни години…

Неговата млада придружба е сексуално привлечна (со неа се чувствува помлад) и не го преоптеретува со проблеми како постарите жени. Помладите жени се позабавни, слободоумни, енергични и полетни. Таа енергија им е привлечна на мажите кои веќе започнале да размислуваат за минливоста на времето. Но привлечноста на помладите жени и повозрасните мажи е малку покомплицирана од стереотипите за неа.

Помладите жени кај повозрасните мажи ја задоволуваат потребата за поврзаност. Тоа е потреба која а мажите и жените им се разликува во различни периоди од животот. Младите жени имаат поголема потреба за поврзаност. Иако сакаат кариера, пред сè – сакаат семејство. Од друга страна, младиот маж има потреба да биде значаен и успешен. Примарниот фокус им е на успехот, иако имаат и врски и семејства. Кај младите луѓе, тие потреби се често конфликтни, зошто жените сакаат повеќе интимност, а мажите се фокусирани на кариерите.

Повозрасните мажи и младите жени ја делат истата потреба за поврзаност: помладиот маж е фокусиран на позицијата во општеството, а помладата жена на врската. Некаде кај средните години доаѓа до пресврт. Во тој момент мажите сфаќаат дека младоста им поминала во потрага за моќ, а во тој процес се занемарени семејството и врската. Уморен е од трки и сака повеќе од врска. Истовремено, повозрасната жена е уморна од занемарување на сопствените потреби и ставањето на семејството на прво место и подготвена е да се посвети на кариерата, која ја ставила во втор план.

Тоа би било главната причина зошто повозрасните мажи сакаат помлади жени. Тие им се компатибилни. Можеби поради тоа почнуваат да размислуваат за основање на семејство со нив, за овојпат да го направат тоа правилно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *