10 правила за слободните жени

28 ноември, 20150

1. Не се извинувајте што имате поставено стандарди, ваше е правото да бидете пребирливи. Не прифаќајте да сте со кој и да било маж само колку за да бидете со некого. Вие најдобро знаете каков партнер сакате и заслужувате таква личност да стои до вас. Ако сега не бидете пребирливи, може цел живот да жалите.

2. Мажите се како автобуси. Ако пред нос ви ја затвори вратата кон неговото срце, не трчајте по него, затоа што секогаш доаѓа друг. А првиот? Тој најверојатно не ни заслужувал да го удостоите со вашето присуство.

3. Учете од сопствените грешки, но и од туѓите. Не мора да сте поминале низ 100 различни врски и љубовни маки за да научите како да ги избегнувате проблемите. Слушајте кога зборуваат другите луѓе.

4. Мажите избираат жени исто како што децата избираат кое јаболко да го соберат. Можат да ги имаат оние што се пониско на дрвото, но ниту едно од нив не изгледа толку привлечно како она што е на врвот. Во таков момент, тие се спремни да дадат сè од себе за да дојдат до најпосакуваното и најспецијалното јаболко. Па, не дозволувајте да бидете просечни, туку бидете специјални и тешко достижни.

5. Бегајте од мажите кои се обидуваат да ве газат, но и од мажите кои ви дозволуваат да ги газите.

6. На првиот состанок можете да научите многу за еден маж според начинот на којшто тој се однесува кон келнерот, таксистот… Љубезниот маж задржете го блиску до вас, арогантниот пуштете го веднаш.

7. Мажите не се обожаватели на љубовните игри. Ако е луд по вас, веднаш ќе познаете. Доколку не е, ќе бидете збунети и ќе се двоумите што точно чувствува за вас.

8. Излезете со таков тип маж со кој обично избегнувате да излегувате. Ако сте сингл, значи досега сте избирале погрешен тип на мажи. Досега сте избирале само „лоши момчиња“ или „мамини синчиња“? Време е за промена. Барем еднаш кажете им „не“ на мажите на коишто обично им кажувате „да“, а кажете им „да“ на оние кои секогаш ги одбивате.

9. Научете да примате комплименти. Честопати мажите се жалат дека жените не знаат да примат комплимент и токму поради тоа ги прескокнуваат убавите зборови. И донекаде се во право. Размислете, тој ви вели „Денес си особено убава“, а вие наместо да кажете „Благодарам“, започнувате: „Глупости, не сум наспана, подочниците ми се огромни, заборавив да си ставам маскара…“. Верувајте дека заслужувате комплименти. Со тоа ја покажувате вашата самодоверба и станувате уште попривлечни во туѓите очи.

10. Уживајте во времето додека сте сингл. Не станувајте опседнати со тоа да започнете врска. Откако ќе го најдете вистинскиот, цел живот ќе бидете со него. А додека не го пронајдете? Забавувајте се и радувајте му се на она што ви го носи животот. Докажано е дека среќните луѓе се и попривлечни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi