12 начини на кои ви се менува животот откако ќе ја запознаете совршената личност!

popara29 мај, 20151min00
19

Сите луѓе, свесно или несвесно, ја бараат онаа личност која е совршена за нив и која одговара на нивните стандарди. Но, што се случува кога конечно ќе ја најдат? Нивниот живот целосно се менува, на подобро. Погледнете ги овие 12 начини на кои и вашиот живот ќе се промени откако ќе ја запознаете вашата сродна душа…

 

 1. Вие мислевте дека уживате да спиете сами сè додека не сфативте дека нема ништо подобро и поудобно од лежење во кревет покрај љубената личност. Дури и само да гледате телевизија, вие си поминувате најдобро на светот покрај него/неа.

2. Вие сонувавте за голема спална сè додека не сфативте дека на кревет со таа големина ќе има премногу простор помеѓу вас двајца. Дури и вашиот партнер да не сака да се прегрнува, вие едноставно не му/ѝ дозволувате да се извлече толку лесно.

3. Вие мразевте да барате помош сè додека вашиот партнер не ве научи дека е сосема во ред да покажете дека не можете да направите сè сами.Понекогаш, сè што ви е потребно е само една личност на која можете да ѝ верувате.

4. Вие никогаш не мислевте дека ќе бидете личност која држи некого за рака сè додека не дојде тој/таа во вашиот живот. Вие сте заљубени и сакате цел свет да знае за тоа!

5. Вие отсекогаш сте сакале да патувате, но никогаш не наоѓавте време сè додека тој/таа не влезе во вашиот живот. Зарем можете да одбиете понуда за пат околу светот од личност која толку многу ја сакате?

6. Вие мислевте дека е невозможно да бидете толку многу среќни сè додека не го отворивте вашето срце и ѝ дозволивте на онаа личност која навистина ја сакате да влезе во него. Токму затоа сега не поминувате ниту еден ден без да се насмеете.

7. Вие не верувавте дека е можно да се ослободите од стресот за само една минута сè додека вашиот/ата дечко/девојка не ве прегрна за прв пат. Дури и да не сакате прегратки, неговата/нејзината прегратка е единственото нешто кое во лошите денови може да ви помогне.

8. Вие мислевте дека седењето во тишина покрај друга личност е нешто многу непријатно сè додека не се најдовте на каучот, покрај него/неа.Одеднаш тишината помеѓу вас стана исто толку пријатна како и моментите исполнети со зборови.

9. Вие никогаш не верувавте дека ќе ги промените вашите тврдоглави начини на однесување сè додека не научивте дека е во ред понекогаш да дозволите некој друг да победи. Вие исто така научивте и што значи компромисот, а тоа е големо постигнување.

10. Вие не знаевте колку секси може да биде набљудувањето на друга личност додека работи, чита, размислува, зборува, спие или едноставно живее сè додека не почнавте да поминувате многу време заедно. Секогаш кога сте покрај него/неа се чувствувате како да лебдите во облаците.

11. Вие велевте дека никогаш нема да зависите од никого сè додека не сфативте дека понекогаш е добро да се препуштите на грижата на друга личност. Овие моменти се бесценети за вас, бидејќи знаете дека можете целосно да му/ѝ верувате.

12. Вие никогаш не мислевте дека некој може толку многу да ви значи сè додека не се заљубивте во оваа совршена личност за вас. Вие сте едноставно синхронизирани во сè што правите и длабоко во себе чувствувате дека тој/таа е вашата сродна душа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag