
Во една женска вечер, едноставно, невозможно е после неколку чашки да не ја запознаете нивната луда страна. Без разлика дали се работи за мирна девојка или за девојка која знае како да се забавува, секоја си има своја жолта минута. Еве ги најпознатите типови на пијани девојки:
1. Експерт за бегање
Откако овој тип на девојка ќе испие неколку чашки, веднаш почнува да го губи чувството дека во барот дошла со своето друштво и обично почнува разговор со секој во барот. Наредниот пат ја гледате дури на крајот на вечерта, покрај вц школката или покрај некоја корпа.

2. Емоционална кралица
Ова е тип на девојка која ќе сакате да ја избегнете. Уште не ја испила ни првата чаша, а веќе паѓа во тешка депресија. Без разлика дали се работи за некој бивш, за работата или за парите, оваа девојка едноставно не може да си ги задржи солзите.
3. Пијаната јадачка
Оваа девојка ќе ви каже дека најдобриот дел од пијанството е добро да се најадеш од пирошките во парк, донерот од чаир, лесковачката кај вили и сл. Не е важно со кого е ни каде е, важно е дека на нејзиниот стомак му треба храна. И после се прашува зошто диетата не ѝ успева…
4. „Лесната“
Не сме сигурни дали дака покачување на нивото на самодоверба или пак сака само да е центар на внимание, но, оваа девојка буквално „се крши“ додека танцува на нејзината омилена песна, а потоа обично вечерта ја поминува кај некој тотален странец.

5. Ѕвездата
На повеќето од девојките не би им пречело да се вбројат во овој тип. Оваа девојка е интересна, забавна и насмеана. Го знае секој стих на секоја песна и што е најважно, игра најдобро од цела дискотека. Обично е во некој свој розов свет, и секако, машките ја сакаат.
6. Ѕверката
Ѕверката е тип на девојка, која кога е пијана сите ја избегнуваат, бидејќи таа обожува тепачки. Лесно ги губи нервите, па тепачката ѝ е секогаш број 1.
7. Советувачката
Овој тип на девојка после неколку коктели се претвора во прав филозоф и секогаш знае каков совет да даде. Таа исто така им „соли памет“ на другарките кога ќе им се „пушта“ некој смотан дечко, познат како „клошар“. Момци, внимавајте со овој тип на девојка.
8. Досадната
Девојките излегуваат за да се забавуваат и да лудуваат. За овој тип на девојки едвај и има нешто интересно да се каже. Оваа девојка пие само по една пијачка и никогаш не лудува. Најчесто, најрано од сите си оди дома, а што е најтрагично никој воопшто не забележува дека си отишла.
9. „Шиткач“
Ова најверојaтно е една од вашите пријателки со кои се карате и тоа за добра причина! Кога и да е пијана, таа ги крши сите правила и исчезнува со некој тип што го запознава пред 10 минути, а вас ве остава сами. Нејзината цел е да бројот на познаници да биде вртоглаво висок.
10. Бебиситерката
Некој мора и тоа да биде! Таа е Мајка Тереза во друштвото и е секогаш во близина кога ќе ви затреба. Значи, ако некоја од друштвото испие премногу, таа ќе биде тука за да ѝ ја држи косата над вц-школката.
