
Еден момент сте среќни, а веќе другиот го слушате муабетот „Не е до тебе, до мене е.“ Милион прашања во глава: од каде ова наеднаш, што се случи, која е вистинската причина за раскинувањето?
Сакате различни работи
Се гледавте повремено и се забавувавте, но со текот на времето се појавија чувства и … еден од вас сака да продолжат работите, но другиот е задоволен со забавување. Едниот сака да биде во сериозна врска, но другата страна има други приоритети, или сеуште не го преболела бившиот партнер. Било кои да се околностите, иако постои хемија меѓу вас, различните потреби може да доведат до крај.
Во различни животни фази сте
Често жените сметаат дека состанувањето со повозрасен маж е добра работа, но може да биде и катастрофа. Постариот маж може веќе си го има средено животот и знае што сака, а жената во дваесетите години на пример, сеуште открива која е и што сака да прави во животот. Работите кои вие не сте ги и сакате да ги доживеете, тој ги има доживеано и можеби не сака повторно да минува низ тоа.
Едниот се движи многу брзо
Во одредени ситуации, заљубеноста на едниот партнер може да го исплаши другиот. Колку и да сте заљубени, движете се полека, во темпо со другиот партнер. Притисокот за работите да се движат побрзо, може да доведе до катастрофа.
Недостиг на доверба
Има повеќе причини зошто нема доволно доверба во врската. Можеби едниот партнер ќе направи нешто да ја наруши, да излаже, навреди или изневери. Можеби тоа се трауми од предходни врски, па се манифестира и во идните врски. Штом довербата е скршена или не е доволно изградена, тешко е да се поправи и бара многу напор и работа.
Конкретен проблем
Кога реално и објективно ја анализираме врската ќе ни биде јасно што се случило. Караници, несогласувања, дури и да немало нешто изразито, доволно е да се собрале неколку проблеми. Доколку не сте можеле да надминете одредени работи, можеби и подобро е што не сте заедно.
Емоционално изневерување
Немало физичко неверство, но еден од вас емоционално се поврзал со некој друг. Наивен флерт, па долги кафе паузи, заеднички тренинзи во теретаната итн. и со текот на времето таа личност е вашата главна преокупација. Иако со партнерот се било во ред, паметот бил на друго место. Најдобар индикатор за емоционално неверство е доколку многу брзо по раскинувањето, едниот има нова врска.
Немате исти вредности
Не сте иста религија или имате различни политички гледишта. Иако има голема привлечност меѓу вас и одлично ви оди, немањето исти вредности може да доведе до крај на врската.
Не си вистинск(ата)иот
Доколку сте во долга врска, а партнерот ве седне и ви каже дека иако сте супер, ве сака и почитува, но не се гледа со вас во иднина, сметајте го тоа за благослов. Подобро е порано, отколку подоцна да го дознаете тоа и на поболен начин. Доколку не се гледа во иднина со вас, најдете некој со кој ќе може да си ја планирате заедничката иднина.