20-годишна Русинка тежи околу 20 килограми

14 декември, 20150
16

Тешко е да се гледаат фотографиите од Ксенија Бубенко, но тоа е реалноста на екстремното слабеење, односно на анорексијата. Младата девојка на фотографиите е висока 158 сантиметри, а тежи нешто повеќе од 20 килограми.

Ксенија Бубенко Ксенија Бубенко Ксенија Бубенко

Кога започнала со диета, 20-годишната Русинка сакала да изгуби само неколку килограми бидејќи имала желба да стане модел. Но, станала опседната со својата тежина и денес таа страда од анорексија.

Ксенија, која живее во Екатеринбург, создала сопствена диета која ја нарекла „Победа“. Последиците од диетата се шокантни, па сега таа се бори да си го врати апетитот и здравиот изглед.

Ксенија Бубенко

Минатата година Ксенија заедно со уште неколку анорексични девојки гостуваше во емисија на руска телевизија со цел јавно да се зборува за овој голем проблем, а и да се насочат луѓето како да им помогнат на блиските кои имаат пореметувања во исхраната.

Ксенија Бубенко Ксенија Бубенко

Ксенија Бубенко

Изгледот на Ксенија треба да ни служи како потсетување дека нездравите екстремни диети не само што не водат до убав изглед, туку и се реална закана за сериозно влошување на здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber