3 брзи техники со јазикот за најмоќно орално задоволство

19 декември, 20150
2

Мажите на своето тело кријат бројни ерогени зони како ушите, брадавиците и препоните, кои со правилна стимулација можат сексуалното искуство да го претворат во магија. Но, како и за сè друго, така и кога се работи за игрите со јазик постојат правила, односно техники кои треба да се совладаат. Ако сакате вашиот партнер да го доведете до лудило, вежбајте ги овие техники кои го зајакнуваат јазикот и употребете ги на неговото тело.

Вежба бр. 1 – Јазикот горе

  • Исплазете го јазикот и на неговиот врв потпрете цврст предмет како на пример супена лажица.
  • Лажицата туркајте ја кон јазикот, а истовремено со јазикот туркајте ја лажицата.
  • Потоа ставете го јазикот зад горните предни заби и пружајте отпор како да ги туркате забите кон надвор.
  • Притисокот задржете го од 2 до 3 секунди.
  • Направете три серии од пет повторувања.

Вежба бр.2 – Јазикот долу

  • Отворете ја устата и на дното од лажицата ставете го јазицот.
  • Со лажицата пружајте отпор, а јазикот дигајте го нагоре како да сакате да ја тргнете лажицата.
  • Задржувајте го притисокот 2 секунди.
  • Направете три серии од пет повторувања.

Вежба бр. 3 – Јазикот на страна

  • Ставете го показалецот и потпрете го на внатрешниот дел од образот.
  • Истовремено со јазикот допирајте и буткајте го прстот во образот од горната, а потоа и од долната страна.
  • Задржете го притисокот 1 до 2 секунди.
  • Направете три серии од пет повторувања, а потоа повторете го истото на другиот образ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi