Најдобри секс пози за секоја ситуација

19 декември, 20150
1

Недостаток на самодоверба во креветот? Болка за време на сексуалниот чин? При која љубовна поза е поверојатно дека ќе останете бремена? Овие и некои други прашања честопати ги поставуваат различни парови, а секс експертите после многубројни истражувања, успеваат да понудат неколку пози кои се покажале како мошне ефикасни.

Најдобрата поза за правење деца

Нашироко позната вистина е дека можете да останете бремена во сите пози, но според експертите најдобра за „правење“ бебиња е мисионерската поза, односно онаа кога партнерот е врз вас. И уште една тајна: за подобар ефект, ставете перница под карлицата. Така, семената течност побрзо ќе се лизне низ отворот.

Најдобра поза за зголемување на самодовербата на жените за време на секс

Не сте единствената која се соочила со овој проблем. Ако тоа ве мачи и сте соочени со проблемот на самодовербата за време на сексуалниот чин, најдобрата позиција за опуштање е кога вие сте одозгора. При оваа поза, имате целосна контрола и ќе се чувствувате моќно и лидерски. Вака, можете да правите што сакате и како сакате.

Најдобра поза за да доживеете максимален оргазам

За да доживеете максимален оргазам за време на сексот, барем според експертите, повторно ќе треба да ја заземете мисионерската позиција, само со една измена: партнерот треба да се лизга врз вас за да може да го допира вашиот клиторис со секое негово движење.

Најдобра поза за долготраен секс

Мисионерската поза и за ова прашање се смета како најдобра, бидејќи вака парнерот ја има целосната контрола и може да прекинува и продолжува секој пат кога ќе му дојде чувство дека може да ејакулира.

Најдобра поза за намалување на болката при секс

Првата работа која мора да ја направите ако чувствувате болка при сексот е да користите многу лубрикант. Ако болката и понатаму продолжува да постои, најдобрата поза со која можете да ја намалите непријатноста, е онаа кога вие сте одозгора. Така, ќе можете да го контролирате влегувањето на пенисот и притисокот кој се создава при тоа.

Најдобрата поза со која и двајцата сте подеднакво вклучени во сексот

Партнерот нека легне настрана, а вие на грб. Префрлете ги нозете врз неговиот колк и свиткајте ги во колената. На овој начин вие ќе можете да мрдате со карлицата, а тој – со целото тело.

Најдобрата позa за мажи со мали пениси

Иако некои мажи се фалат со својата „техника“ а не и со големината на пенисот, сепак и големината си има своја улога. Најдобрата позиција за доживување на големо задоволство во случаите кога партнерот има мал пенис е онаа кога жената е одозгора. Запаметете дека во оваа позиција не треба да мрдате напред – назад туку, горе – долу. И уште една поза која ќе ви овозможи максимално задоволство: вие лежите на грб, партнерот е одозгора, а вашите нозе се околу неговиот врат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *