Друштвените мрежи, разни магазини, фотографирање на егзотични дестинации.. Познатата ријалити ѕвезда во текот на сите овие години ги почастила фановите со жешки фотографии. Погледнете ги сите на едно место.
Познатата старлета се сликала пред 6 години за „Плејбој“. Уште тогаш ја полудела фантазијата на многу мажи ширум светот, покажувајќи.. Па, се.
Во текот на 2011 година, атрактивната Ким на фановите повторно им го покажала голото тело, намачкано со боја, со која е нагласена секоја нејзина облина. Фотографиите го красиле магазинот „W“
Со растот на популарноста, станува се поактивна на друштвените мрежи. Твитер, Инстаграм, Фејсбук.. Сите се преполни со нејзините фотографии, кои често повеќе откриваат отколку што сокриваат.
Пред нешто повеќе од година дена, се фотографирала за британскиот магазин „GQ“, кој кренал голема прашина. Покрај фотографиите кои станале вирални во рекорден рок, магазинот ја прогласил за жена на годината, што наишло на осуда на јавноста.
Минатата година престојувала на Тајланд, каде во текот на фотографирањето за една компанија ги покажала своите облини. Овие фотографии кренале најмногу трачеви дека нејзиниот задник е „купен“, а не дело на мајка природа.
При крајот на минатата година го „срушила“интернетот со фотографиите за магазинот „Paper“. Овие фотографии масовно се исмевани на друштвените мрежи, а и поедини познати се вклучиле, па позирале во слични пози.
И на почетокот на оваа година успеа да не изненади, погодувате со нови голи фотографии! Овие фотографии секако отишле најдалеку, па можевме да ги видиме и нејзините интимни делови.
За крај, не би било фер, а да не го споменеме она што најпрво не запозна со нејзиниот лик и дело. Пред 7 години во јавноста се појави порно филм на Ким Кардашијан. По ова видео најверојатно цел живот ќе остане запаметена.