5 работи кои ги очекуваме од Galaxy S7

popara10 декември, 20151min00
6

Се шпекулира дека Samsung ќе го претстави наследникот од Galaxy S серијата порано од очекуваното, односно уште во јануари идната година. Еве што сакаме да видиме кај него…

1. Потенко куќиште изработено од магнезиум

Шпекулациите велат дека Galaxy S7 ќе биде изработен од нов вид на метална рамка, покриен со стаклено куќиште од предната и задната страна. Се планира да биде најтенкиот телефон на Samsung досега.

2. Поголем екран

Samsung направи вистински неред со различните големини на своите уреди, но оваа година очекуваме да видиме две верзии – Galaxy S7 со 5,2 инчен рамен екран и Galaxy S7 Edge со 5,7 инчен екран заоблен од двете страни.

3. Двата најмоќни процесори досега

Извори блиски до компанијата тврдат дека ќе добиеме две верзии – едната со octa-core Exynos M1 процесор развиен од Samsung, а втората ќе биде со quad-core Snapdragon 820 процесор развиен од Qualcomm. И двата процесори ќе бидат најмоќните на пазарот.

4. Екран со 3D Touch

Apple го започна трендот на екрани кои го препознаваат притисокот со кој ги допирате, а Samsung наводно веќе работи со Synaptics на имплементација на слична технологија во новиот Galaxy S7. Овојпат, ќе се вика ClearForce екран.

5. USB Type-C приклучок

Google веќе го имплементираше новиот приклучок кај Nexus 6P и Nexus 5X, па време е Samsung да се приклучи на забавата. Покрај реверзибилноста (нема правилна и погрешна страна), овозможува и побрз трансфер на податоци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag