Си чини во некои случаи внуците на славните имаат наследено многу повеќе од семејната харизма отколку нивните деца. Ова се само шест вакви примери, а сигурно ги има уште многу. Да бидеме искрени ни ние немавме чуено за овие талентирани момци и девојки се до сега, па можеби допрва ќе не изненади нечиј внук или внука.
Рајли Кег е најстарата внука на легендарната рок ѕвезда Елвис Присли. Таа е модел и актерка, а има 25 години.
Дри Хемингвеј е внуката на добро познатиот писател Ернест Хемингвеј. Таа е модел и работи со некои од најголемите светски модни брендови.
Туки Брандо е внук на познатиот актер Марлон Брандо. Тој нема планови да биде актер, но работи како модел за Версаче.
Ема Кетлин Ферер е внука на познатата актерка и модна икона Одри Хепберн. Таа има 19 години и е модел.
Она Чаплин е внука на актерот и режисер Чарли Чаплин. Таа досега има глумено во 34 филмови, но луѓето најмногу ја препознаваат по улогата на Талиса Магир во “Game of Thrones.“