7 комбинации на бои во облекувањето со кои нема грешка

27 ноември, 20150
19

Пристигнаа студените денови, а модната сцена во нашиот град се обви во темни бои. Штета! Ако се од оние кои сакаат да носат живи бои без разлика на годишното време, тогаш сте на вистинското место.

Денес ви откриваме топ 7 комбинации на бои со кои нема грешка кога станува збор за облекувањето и кои секогаш ќе изгледаат шик и скапоцено. Најдете ја вашата омилена.

1. Сребрена и ледено сина боја

Постои нешто неописливо привлечно во смиреноста на ледено сината боја и живоста која ја дава сребрената боја. Комбинирајте парчиња облека од различни материјали за вистински шик изглед.

2. Тегет и цигла боја

Ова е една од најомилените комбинации на бои. И тегетот и циглата се впечатливи бои, а во комбинација создаваат совршена хармонија на контрастите на студени и топли бои се истакнуваат на најдобар начин.

3. Сива и корално портокалова/црвена боја

Студенилото на сивата боја и коралните тонови на портокаловата и црвената совршено се комплетираат давајќи и на комбинацијата момент на изненадување. Додека коралната нијанса е силна и впечатлива, сивата боја е тука да го смири целиот изглед.

4. Морнарско сина и кремаста боја

Со оваа комбинација на бои ви гарантираме дека ќе изгледате како девојка од милион долари. Едноставност и класика која се цени.

5. Бебешко сина и кафена боја

Скромноста на бебешко сината боја во комбинација со оваа земјена боја претставуваат контрасти кои се надополнуваат и ја прават целината комплетна.

6. Розева и бела боја

Ако сакате нежен, скромен и женствен изглед, комбинацијата на розева и бела боја ќе биде вистински избор. Особено добро ќе изгледа на припадничките на понежниот пол кои имаат посветла коса.

7. Жолта и кафена боја

Совршена комбинација која на прв поглед вели ЕСЕН! Ова се бои кои ги комбинира и самата природа, па зошто не и вие?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş