7 парчиња секси долна облека коишто тој ќе ги обожава

25 декември, 20150
11

Самодовербата е најеротското парче долна облека кое некогаш ќе го облечете. Без разлика на вашата форма или големина, ако се чувствувате самоуверено, ќе изгледате самоуверено, а самодовербата е секси.

Некои луѓе сакаат да се покриваат, други да ги покажат своите атрибути, но сигурни сме дека во оваа статија, без разлика дали сметате дека помалку е повеќе или повеќе е подобро, ќе најдете парче облека кое ќе ви се одговара, а кое и да го одберете – бидете сигурни дека тој ќе го обожава!

Чорапи со подвезици и жартиер

Чорапите со подвезици се едни од основните парчиња долна облека кои секоја девојка треба да ги има. Mожете да ги комбинирате со речиси сите видови долна облека и така да го зачините сексот.

На мажите им се допаѓаат затоа што покриваат токму онолку колку што е потребно, а малиот разголен дел помеѓу чорапите и гаќичките е доволен за да ги испровоцира.

Самодржечки високи чорапи

Самодржечките високи чорапи се уште една секси алтернатива. Доколку немате трпение за чорапите со жартиер, или ви изгледаат премногу комплицирани, високите чорапи се изборот за вас.

За мажите се подеднакво привлечни поради гореспоменатата умерена доза на голотија, а можете да избирате од многу видови и дезени. Доколку сакате да бидете класично секси, одберете некој од моделите од тантела, а за покежуал варијанта, одберете памучни или плетени.

Корсети

Корсетите отсекогаш изгледале секси, и главната намена им е да ви го обликуваат телото, истакнувајќи ги вашите најдобри атрибути.

Тие даваат дополнителна потпора во делот на градите, а го смалуваат струкот. Жиците на корсетот можат го отежнат неговото облекување, па добро е да имате некој за да ви помогне. Корсетите знаат да бидат многу неудобни, па затоа не ги носете повеќе од неколку часа. Како и да е, изгледаат неверојатно секси, па кому му е грижа за малку неудобност?

Боксерки и градник во иста боја

Ако вашиот партнер смета дека повеќе е подобро, ова е совршениот избор за вас. Боксерките се меки и удобни, но истовремено и секси. Изберете секојдневни памучни, кои можете да ги искомбинирате со памучен градник, или одберете ја секси свилената варијанта со проѕирен градник. Супер-удобни за вас, секси за вашиот партнер.

Ношница

Ношниците доаѓаат во толку различни форми и дезени што е тешко да се зборува за само еден модел. Главно се наменети за спиење, и можете да ги носите со или без долна облека одоздола. Некои се тантелни, некои свилени, а други се меки и памучни. Женствени и секси, ноќниците може да ги прикријат вашите маани, или, доколку се потесни, да ги истакнат вашите најдобри делови.

Проѕирно фустанче

Проѕирно фустанче кое слободно паѓа надолу во комбинација со танга ќе ви го даде оној кокетен, заводлив изглед. Повторно, можат да ги прикријат несаканите делови, а да ги откријат секси атрибутите – изборот на стил, материјал и боја е ваш.

Гаќички и градник

Гаќичките со градник во иста боја може да бидат провокативни и заводливи, и понекогаш еден ваков тантелен сет може да го разбуди вашиот сексуален живот. Танга или полутанга гаќичките можат да придонесат кон вашиот секси изглед, а вашиот партнер повеќе од сигурно ќе ужива во тоа.

Па девојки, што и да одберете, не заборавајте да бидете самоуверени. Сè се врти околу вас, па носете го она што ве прави среќни, ви давa самодоверба, и прави да се чувствувате неодоливо. Без разлика кое парче секси долна облека ќе го изберете, сигурни сме дека ќе ја излудите вашата „посилна“ половина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi