Доколку сте трудница, сигурно на секој чекор се среќавате со нови толкувања за полот на бебето. И покрај тоа што приказните на нашите баби се често пати погрешни, сигурно се позабавни од ултразвукот.
Токму затоа пробајте некоја од овие методи пред гинекологот да ви го каже полот на бебето.
Ако ништо друго, барем ќе ја преиспитате нивната точност.
Положбата во која спиете
Обрнете внимание како легнувате во кревет. Ако повеќе сакате да спиете на левата страна, веројатно носите момче.
Мачнини
Девојчињата не секогаш се мали ангелчиња, затоа што често пати носат мачнини кога се во стомакот. Трудниците кои во бременоста имаат проблем со мачнини и тегоби, се верува дека носат женски бебиња.
Меки или суви раце
Ако рацете во бременоста ви се постојано суви, веројатно носите момче. Меките и нежни раце наводно значат дека носите девојче.
Храната која ја јадете
Ако во бременоста лимонот ви е омилен плод, веројатно носите девојче. Ако јадете само солена храна, сè поголеми се шансите дека носите момче. Желбата за слатко исто така може да значи дека во вас расте мала принцеза.
Проблеми со кожата
Акните, мозолчињата и проблемите со тенот во бременоста најчесто укажуваат на тоа дека носите девојче.
Положбата на стомакот
Ако бебето го носите прилично ниско, голема е веројатноста да родите машко.
Облик на лицето
Ако во бременоста прво лицето ви се здебели, тогаш би требало да носите девојче.
Стрес тест
Детето наводно го наследува генот од родителот кој бил поретко под стрес.
Големина на градите
Ако десната града на идната мајка е поголема од левата, тоа наводно значи дека носи девојче.