Амал и Џорџ Клуни се разведуваат по 15 месеци брак?!

28 декември, 20150

Како ерупција на вулкан одекна во медиумите веста за разводот на еден од најпопуларните селебрити парови. Странските медиуми пишуваат дека Амал и Џорџ Клуни се разведуваат по 15 месеци брак.

Амал Клуни наводно била излезена на забава со пријателите во Лондон и испила некоја чашка повеќе. Под влијание на алкохолот почнала да се жали дека во бракот со Џорџ не и` е убаво и дека сака да побара развод.

– Амал плачеше и пиеше многу. Таа никогаш не се однесувала вака –  рекла пријателката од госпоѓа Клуни. Нејзините пријатели верувале дека Амал била многу благодарна што била назад во Британија и далеку од Џорџ и центарот на вниманието во Холивуд.

Наводно, госпоѓа Клуни се жалела дека живее во неговиот свет и дека нема воопшто време за себе, а бизнис партнерите повеќе не ја сфаќале сериозно.

Очигледно Џорџ Клуни имал многу високи очекувања за Амал како сопруга на таква холивудска мегаѕвезда. И како врв на сето тоа бил притисокот да остане бремена.

Дали сето ова е вистина или само уште еден холивудски трач – останува да видиме.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi