Ангелите на Викторија Сикрет ги раширија крилата на шоуто за 2015
21 декември, 20150
Во средата официјално беше објавено во јавноста овогодишното фешн шоу на “Викторија Сикрет” кое се одржа на 7 ноември во Њујорк.
Како и што е очекувано предизвика бурни реакции во јавноста. Шоуто кое се одржа во Lexington Avenue Armory во Њујорк, ако ги погледнете фотографиите нема да ве разочара.
Ангелите изгледаа волшебно како и секоја година, а шоуто беше надополнето со изведба на Селена Гомез, Ели Гудинг, Д Викенд кои заедно со моделите ја “запалија” пистата.
Супермодели како Андријана Лима, Кендал Џенер, Гиги Хадид, Џоан Смол, Александра Амбросио, Лили Алдриџ, Лаис Рибиеро ги раширија своите ангелски крила на модната писта облечени во најекслкузивните модели на “Викторија Сикрет”.
https://www.youtube.com/watch?v=v7WHurB-8gY