Балерината Анастасија Воичкова е активна на Инстаграм каде ја следат голем број фанови, но изгледа дека сите немаат убаво мислење за нејзе, особено кога некои од нив сметаат дека нејзината глава изгледа двојно помало во однос на големите гради.
Анастасија пред две години го обвини директорот Анатолиј Иксанов дека Бољшој театарот го претворил во бордел, каде балерините се под постојана закана дека ќе добијат отказ, ако не спијат со богати клиенти.
Во 2003 година, таа доби отказ со објаснување дека е предебела, а минатата година беше повторно актуелна во медиумите, откако нејзиниот 7 години постар сопруг заврши во болница по страсниот секс со неа.
Балерината поведе судски спор против театарот, кој го доби откако докажа дека додека била вработена во театарот тежела само 47, 5 килограми. И не само тоа, Воичкова се врати на старото работно место и повторно започнаа шпекулации дека првично добила отказ, поради нејзината висина од 170 сантиметри.
Откако се вратила на работното место таа и изјавила дека често пати морала да оди на вечери со богати мажи, но дека не прифатила да има сексуални односи со нив, па поради тоа и не била дел од турнеите на Бољшој театарот.