Сите женски тајни на едно место: „Профемина 2015“

10 декември, 20150
13

Регионалната конференција „Профемина 2015“, која веќе три години успешно се одржува во Белград, овој пат првпат се организира и во Македонија, во организација на македонското списание „Убавина&здравје“, на 15 декември во Управната зграда на Скопски саем. Специјален гостин на „Профемина“, и учесник на панелот посветен на темата: Колку ни е приоритетен изгледот, е водителката Сузана Манчиќ. Тема на конференцијата е „Женското прашање во фокусот“, а во рамките на шесте панели и четирите студии (case study) ќе се дискутира на многу, главно женски теми.
Конференцијата ќе ја отвори Наде Стојилковиќ, главна уредничка на „Убавина и здравје“, а кратко ќе се обрати и претставник на Министерството за култура.
Конференцијата ќе почне со темата „Со превенција до здравје“, на која ќе дискутираат професионалци од оваа област. Колку предрасудите ни го кројат животот, колку изгледот стана приоритет, како растат нашите деца, се само уште некои од темите што ќе бидат обработени на годинешната конференција.
На конференцијата ќе земат учество голем број професионалци од областа на медиумите, маркетингот, ПР-от, комуникациите, уметност, универзитетски професори и влијателни луѓе од целиот регион. Меѓу учесниците се и водителката Марјана Станојкоска, поп-пејачката Елена Ристеска, Весна Петрушевска, Ребека, Живкица, Милена Антовска, Ана Зафирова, Цаци Паковска, креаторката Ивана Кнез…
Специјална гостинка на конференцијата е водителката Сузана Манчиќ, која токму за оваа пригода ни доаѓа од Белград. Регионалната конференција „Профемина 2015“ веќе три години успешно се одржува во Белград и собира голем број успешни луѓе, пред сè, жени од целиот регион. Повеќе информации за програмата на конференцијата и за панелистите кои ќе земат учесво може да погледнете http://ubavinaizdravje.mk/profemina2015/. За сите наши заинтересирани читателки влезот е бесплатен. Поради ограничениот број и планирање на подароци за сите гости и новинарски екипи потребно е навремено да го најaвите своето присуство испраќајки маил со вашето име и презиме на нашата официјална маил адреса event@colormedia.com.mk
Конференцијата „Профемина“ ќе биде медиумски покриена од магазинот и порталот„Убавина и здравје“ во Македонија и во регионот, магазинот „Hello“, од страна на акредитирани новинари од печатените медиуми, телевизиските и радио-станици, новинските агенции, од интернет-порталите, како и од независни блогери. Водителка на целодневната програма е шармантната Јована Стојменовиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi