Бил Козби поднесе тужба против жените кои сексуално ги злоставувал!

16 декември, 20150
2

Славниот актер и комичар реши да тужи седум жени кои го обвинија за сексуално злоставување.

Бил Козби е на удар на јавноста, откако поголем број жени поднесоа тужба против него и откако открија дека тој ги дрогирал и ги силувал. Од друга страна, тој реши да го возврати ударот и да тужи седум од жените, поради тоа што му го нарушиле јавниот имиџ, а тоа придонело да изгуби голем број проекти и улоги во серии.

Неговата адвокатка Моника Присли истакнала дека жените кои го тужеле изнеле лажни обвинувања, со цел да добијат финансиска корист. Адвокатот на силуваните жени, Џозеф Камарат смета дека со овој чин, Бил Козби сака да го оттргне вниманието на јавноста од вистинскиот проблем, но дека сепак има жени кои ќе сведочат за неговото сексуално злоставување.

Сите досегашни обвинувања актерот ги демантираше, а неговата адвокатка смета дека ова е хајка, за да се уништи неговото достигнување и богатата кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi