“Плејбој“ го отпечати последниот број со гола жена!

16 декември, 20150
3

Секс-симболот Памела Андерсон (48) е последната гола жена што ќе ја краси насловницата на магазинот за мажи “Плејбој”.

На насловната страница на двојното издание за јануари/февруари што излезе во продажба на 11 декември се појави Памела по рекорден 14. пат, а таа, исто така, го сними и нејзиниот 15. фотоедиторијал за списанието.

Пред речиси два месеци списанието “Плејбој” објави дека повеќе нема да објавува разголени фотографии почнувајќи со изданието за март, 2016 година.
За да се заокружи ерата на ваквата историја на списанието, беше логично за насловната страница да се ангажира најпознатата Плејбој зајачица, Памела Андерсон. Тешко е да се поверува дека поминаа повеќе од 26 години откако заводливата и ведра девојка од Ванкувер за првпат се појави во “Плејбој”, но после 13 насловни страници, јасно е дека Памела си го осигура местото во историјата како омилена зајачица.

ПАМЕЛА ВО 1989 ГОДИНА ЈА СНИМИ ПРВАТА НАСЛОВНИЦА ЗА “ПЛЕЈБОЈ”

Не сум убава, повеќе сум сензуална

САД (АП )- “Плејбој” во чест на 14 насловница со актерката, направи интервју со Памела Андерсон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Да се вратиме во октомври, 1989 година. Кажи ми како се случи твојата прва насловна страница. Ве забележале на фудбалски натпревар, нели?

– Да. Камерманот ја приближи камерата на мене и сите почнаа да врескаат и да викаат и ме викнаа на линијата од 45 метри. Јас носев сина маица на која пишуваше Лабат, па компанијата ми понуди реклама. Тогаш ме повикаа од “Плејбој”. Дотогаш немав летано со авион.

Немаше летано?

– Не. Потекнувам од мало гратче, Лејдисмит, на островот Ванкувер.

Како беше снимањето?

– Фотографот ме сликаше со еден филм бидејќи бев нервозна и повраќав. Но, потоа ги видов фотографиите и од тогаш беше тешко да ја држам облеката на мене. Претходно бев премногу срамежлива, но тогаш ми текна дека на никого не му е важно како изгледате голи освен на вас. Луѓето повеќе се грижат за себе и за своите недостатоци.

Колку години имаше тогаш?

– Дваесет и две.

Што мислиш кои се причините што си била срамежлива?

– Мислам дека општеството ви кажува дека треба да бидете скромни, но јас немав многу скромно семејство. Мојот татко беше лошо момче, а мајка ми русокоса бомба. Јас се обидував да ја контролирам средината.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што сакаше да бидеш пред да те повикаат од “Плејбој”?

– Не знаев. Отсекогаш сум имала богата фантазија и мислев дека ќе правам нешто креативно. Единствено што знаев е дека морав да заминам од мојот мал град.
Никогаш не сакав да бидам дел од оваа индустрија. Не знаев дека ја имам таа опција. Не беше нешто што сакав да го постигнам. Но, претпоставувам дека направив добра работа со тоа што одев како што се развиваа работите.

Која е најлудата работа што ти се случила во вилата на сопственикот на “Плејбој”, Хју Хефнер?

– О, има многу. Но знаете, кога луѓето озборуваат, обично лажат. Не сакам да навлегувам во детали, но сигурна сум дека еден од моите синови е зачнат таму. (се смее)

Навистина? Што рече тој?

– Па, прво си помислив, боже, човекот што го режираше “Фицкаралдо” сака да ме запознае. Бевме на ручек и тој ми рече “Ти си нешто посебно. Ти треба да бидеш на големиот екран”. Не можев да поверувам дека го рече тоа. Тој има проект за мене и се надевам дека ќе се исполни. Навистина ласка самиот факт што сум на неговиот радар.

Имаш многу квалитети, но претпоставувам дека кога луѓето помислуваат на тебе, прво што им паѓа на памет е твојата убавина. Како е да се живее таков живот?

– Не се сметам за убава жена, но знам дека имам длабока сензуалност. Луѓето повеќе реагираат на тоа отколку на физичкиот изглед бидејќи духот никогаш не старее. Егзибиционист сум длабоко во себе, сакам да си поигрувам и да се забавувам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber