Била со него 6 години, а потоа ја дознала ужасната вистина за него

25 ноември, 20150
9

Најлошиот период од животот на Лиса Џоунс започнал кога го открила вистинскиот идентитет на своето момче Марк Кенеди, со кого била во врска шест години.

Го сакала повеќе од сè на светот и мислела дека одлично го познава, а потоа дознала дека тој всушност е полицаец на тајна задача кој ги истражува неа и нејзините пријатели.

– Тој ми беше најблиската личност на светот. Ме знаеше подобро од било кој друг. И јас мислев дека го познавам него подобро од било кој на светот“, раскажала Лиса.

Но, со тек на време почнала да се сомнева дека Марк всушност ја лаже за својот вистински идентитет.

Таа вели дека Кенеди, кој се претставувал како Марк Стоун, во последните неколку месеци од врската станал многу мистериозен и често заминувал од куќата.

Тогаш почнала да се сомнева, а набрзо ја открила една од најдобро чуваните тајни во Велика Британија. Бидејќи, тогаш јавноста малку знаела за тајните на британската полиција кои се започнати уште во 1968 година. Повеќе од 100 полицајци на тајна задача, под лажни имиња и измислени идентитети, биле инфилтрирани во разни групи, а Лиса е само една од жените кои по тој повод останале со скршени срца.

Се` започнало во 2003 година кога Кенеди се инфилтрирал во група на борци за заштита на животната средина во Нотингем. Се претставувал како професионален планинар, имал долга коса и тетоважи по целото тело. Таа година го запознала Лиса и набрзо започнале романтична врска. И делувал како фин, забавен маж кој лесно се вклопил во нејзината група на пријатели. Лиса во тоа време била активна во групите за заштита на животната средина, против капитализмот и во анти-нуклеарни кампањи. И, токму тоа Марк потајно го истражувал и секоја информација им ја пренесувал на своите шефови.

Марк често патувал, а на Лиса ѝ велел дека се работи за работни обврски. Сепак, секогаш биле во контакт преку телефон и никогаш не останувал подолго од неколку недели. Со тек на време, овој полицаец стекнал репутација на посветен активист за заштита на околината. Сепак, во 2009 година неговата мисија била прекината, а набрзо после тоа исчезнал од нивниот дом во Нотингем. Во неделите пред исчезнувањето, Марк станал поразличен.

– Стана параноичен и рече дека му е потребен одмор и дека некое време ќе живее кај брат му во Америка – раскажала Лиса.

А, потоа во 2010 година мистериозно повторно се појавил. Она што Лиса и нејзините пријатели не го знаеле е дека Марк сакал да излезе од полицијата, за после завршувањето на програмата да не му дадат некоја здодевна работа на компјутер. Сепак, не се откажал од својот идентитет на Марк Стоун и продолжил да оди на протести. Лиса продолжила да забележува промени во неговото однесување, а до клучното откритие дошла во јули 2010 година, кога биле на одмор.

– Бевме на прекрасен одмор во Италија, само ние двајца во приколка во планините. Тој отиде да вози велосипед, а јас му ја зедов торбата за да ги побарам очилата за сонце. Мислам дека еден дел од мене се прашуваше што се случува со него. Почнав да пребарувам и го најдов неговиот пасош – раскажува Лиса.

Пасошот во кој пишувало дека тој всушност се вика Марк Кенеди, а потоа дознала дека има и дете. Пронашла и таен мобилен телефон и мејлови од двете деца кои го нарекувале ’тато’.

Кога неколку дена подоцна одлучила да му се спротистави, Марк ѝ раскажал измислена приказна за тоа како некогаш се занимавал со дилање дрога, како децата се од негов пријател кој го убиле и дека ветил дека ќе ги чува. Лиса поверувала во измислената приказна и не сакала сама себе да си признае дека нејзиното момче е всушност полицаец на тајна задача.

Но, подоцна, истражувајќи со еден пријател, го нашла изводот од матичната книга на родени на детето од Марк и набрзо дознала кој всушност е тој и за кого работи. Кога го повикала, признал се и се расплакал. Марк после сè, својата приказна им ја продал на новинарите и почнал да работи за агенција за обезбедување во Америка. Лиса продолжила да пати и после сè не знае веќе кому може да му верува.

Таа е само една од десетиците жени кои се нашле во слична ситуација. Во петокот британската полиција се согласила да им упати извинување на сите жени и да им плати оштета за претрпен стрес и траума.

– Ги нема тие пари или извинувања кои ќе можат да го надополнат недостатокот од одговори за тоа до која мера мојот личен живот е шпиониран, дури и најинтимните моменти –  истакнува Лиса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş