Бившиот ѝ го уништи лицето со киселина, а еве како изгледа седум години подоцна- на својата венчавка

11 ноември, 20150
13

Седум години по стравичниот напад со киселина, британката Кејти Пајпер (32) го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Ричард Сутон, на трогателната церемонија, на која во прв план била прекрасната невеста.

kejti-pajper5

Кејти во март 2008 година, преживеала страшни изгореници откако нејзиниот поранешен партнер, Дејвид Линч, го ангажирал Силвестер за напад во кој младата жена се здобила со тешки изгореници на лицето и горниот дел од телото. Инцидентот по игра на случајност бил снимен, а двајцата добиле доживотна затворска казна, без можност за помилување во следните 16, односно 12 години.

Таа со денови после нападот била во кома, а во меѓувреме поминала низ 40  операции за да го врати стариот изглед.

„Бракот со  Ричи е најдоброто  нешто што  ми се случило до сега, веднаш по раѓањето на нашата ќеркичка“, вели таа и додава дека е неверојатно среќна што нејзината приказна добила среќен крај.

kejti-pajper4

kejti-pajper3

kejti-pajper2

kejti-pajper

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *