Замокот Château de La Mothe-Chandeniers

11 ноември, 20150
12

Замокот Château de La Mothe-Chandeniers се наоѓа буквално среде шума, во Poitou-Charentes регионот, во Франција. Нажалост, овој имот веќе одамна паѓа во заборав додека времето, но и природата, полека го придобиваат во свои раце.

Единствено нешто што е пофасцинантно од сликата на овој имот, е самата приказна која што го следи.

Сторијата доажа од 13-от век, кога дворецот бил неверојатно популарен во Франција, сè додека не бил ограбен за време на Француската револуција.

Кон почетокот на 19-от век, го купил богат бизнисмен, а подоцна го пренел на баронот Наполеон Трети, и така останало сè до пожарот во 1932-та година, кој што буквално уништил поголем дел од дворецот.

По пожарот штетата била речиси неповратна. Меѓутоа, тој навистина делува речиси совршено на фотографиите. Замокот сè уште стои како остаток од неговата стара слава, но сега има и изненадувачки сопственик.

Професорот по математика Марк Демејер го купил во 1981-та година, планирајќи да го реставрира а отприлика во истиот период, француската банка го купила околниот имот, што значело дека дворецот има повеќе од еден сопственик.

А тоа значело дека професорот по математика имал голем предизвик за да успее да добие можност за да го реставрира.

Денес, замокот е потполно ист, каков што бил и кога го купил професорот Марк. Според локални извори, Демејер не живее на имотот и неверојатно е огорчен поради фактот колку е тешко да ги добие сите документи од француската банка за да го реставрира дворецот.

Сега, локална група чувари на околината се обидуваат да го направат токму она што Марк не успеа да го стори.

И додека групата има најдобри намери, интересот за замокот буквално е сведен на нула.

Гледајќи го овој прекрасен имот, просто е тешко да се поверува во нешто такво.

Група заштитници на културата сега се надеваат дека ќе подигнат доволно прашина во јавноста како би се спасило ова место. Ова парче од историјата едноставно не треба да се заборави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş