
Луѓето кои не стапуваат во брак поради љубов во нашата култура се сметаат за несреќни и се мисли дека истите се манипулативни, користуљубиви и лоши. Од наша перспектива, тоа е погрешно, бидејќи сите нас не учеле дека љубовта е единствената причина за да се стапи во брак.
Експертите велат дека инстутуцијата брак е доведена во сериозен проблем бидејќи главни мерки за склучување на истиот станаа љубовта и романтиката, емоции кои се мошне променливи. Кога љубовта ќе го изгуби сјајот и кога романтиката ќе исчезне, бракот запаѓа во монотонија.
Според експертите, луѓето чии причини за влегување во брак се од друга природа – како што е желбата за деца со човек што го сметаме соодветен за создавање семејство, желбата за финансиска сигурност или едноставно потребата да имаме друштво – генерално имаат подолги и веројатно подобри бракови, бидејќи избрале партнер со некаква цел. Нивните очекувања поврзани со бракот и партнерот не се толку нереални.
Некои луѓе овие бракови ги нарекуваат “пресметани бракови“ но изгледа дека оние што го прават ова се помудри отколку што мислиме.
Не велиме дека љубовта не треба да фигурира на списокот од причини за стапување во брак, меѓутоа не треба да биде прва на списокот.
Бракот од љубов не е мудар избор поради следниве 3 причини:
ЉУБОВТА Е ПРОМЕНЛИВА ЕМОЦИЈА
Колку брзо се вљубувате, толку брзо и се одљубувате. И што потоа? Или врската ќе прекине или ќе стане очајна. Ако љубовта била основна причина за вашата поврзаност, што се случува кога она што ве држело заедно ќе испари?
ЉУБОВТА НЕ Е ДОВОЛНО ЦВРСТА ОСНОВА
Да, љубовта е силна емоција, но може да испари и затоа не е добра основа за долгорочни врски. Се што е изградено на темелот на љубовта, се заканува дека еден ден ќе се сруши, кога љубовта ќе исчезне.
ЉУБОВТА НЕ МОЖЕ ДА ЗАМЕНИ СЕ ОСТАНАТО
Дека љубовта е се она што ни треба, не е точно. Потребна е взаимна почит, заеднички цели и компатибилност за да опстане врската.
Луѓето се вљубуваат во идејата за љубов бидејќи мислат ќе им обезбеди долговечност.
И понатаму сите сакаат да бидат сакани и да сакаат, но ако ја барате рецептата за јак и здрав брак, пробајте со ова:
Три филџани почит, 2 филџани заеднички цели, 2 филџани компатибилност, 1 лажица љубов и 1 лажица привлечност.
Врската, секако има повеќе состојки, но се надеваме дека ја сфативте поентата…