Поучна приказна: Која си ти?

popara11 јануари, 20151min00
9

Некоја жена се нашла во смртната соба. Ненадејно имала чувство дека е земена на небото и дека се наоѓа пред судиското столче.

„Која си ти?“ – ја запрашал Гласот.

-„Јас сум жената на градоначалникот“, одговорила таа.

„Не те прашав чија жена си, туку која си ти“.

-„Јас сум мајка на четири деца“.

„Не те прашав чија мајка си, туку која си ти“.

-„Јас сум учителка“.

„Не те прашав што си по професија, туку која си ти“.

И така продолжило понатаму. Без оглед на тоа што би одговорила, се чинело дека не дала задоволителен одговор на прашањето: „Која си ти?“

-„Јас сум христијанка“.

„Не те прашав од која вера си, туку која си“.

-„Јас сум онаа што секој ден идеше во црква и секогаш им помагаше на сиромашните.“

„Не те прашав што си правела, туку која си ти“.

Очигледно, паднала на испитот и била вратена на Земјата. Кога се опоравила од болеста, одлучила да пронајде која е таа. Во тоа била целата разлика.

Твојата должност е да бидеш. Да не бидеш некој или никој – бидејќи во тоа лежи алчноста и амбициозноста – не да бидеш ова или она – така стануваш условен – туку да бидеш едноставно ти.

Да бидеш свој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag