За време на осветувањето на реката Јордан, се случило чудо кога бел гулаб слетал на жезолот на ерусалимскиот патријарх Теофил.
Според христијанската традиција, Христос, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен од страна на Свети Јован.
Чувствувајќи дека пред него се наоѓа Месијата, Свети Јован го дочекал Исус со зборовите: „Ти треба мене да ме крстиш, а доаѓаш кај мене јас да те крстам“. Исус му одговорил: „Остави го сега тоа, бидејќи ни треба да се исполни секоја
правдина“. По тие зборови, Исус влегол во Јордан. Тогаш, над него се отворило небото и Светиот Дух се симнал во вид на гулаб, што е и главната причина зошто денешниот настан се смета за чудо.