Дали да ги прекинете антибиотиците ако ви е подобро?

31 март, 20150
9

Откако почнува да не боли грло, веднаш земаме антибиотици, а кога ќе се почувствуваме подобро ги прекинуваме. Но, факт е дека кога ја прекинуваме терапијата, им дозволуваме на некои бактерии да преживеат во нашиот организам. Токму тие бактерии се најтешки за искоренување затоа што ќе станат поотпорни на антибиотиците кога повторно ќе почнете да ги земате. Па, за ваше добро, треба да продолжите да ја земате терапијата.

Сепак, минатата недела, во еден познат медицински весник, професорката Гилберт даде свое мислење во врска со антибиотиците.

– Постои погрешна претстава дека ќе се појави отпорност ако препишаните антибиотици не се земат до крај.

Таа смета дека постои сосема мал ризик од прекинувањето на терапијата ако престанат знаците и симптомите на обична настинка. Исто така и професорот Крис дел Мар се согласува, додавајќи дека за акутните инфекции во урината и градите, општиот лекар треба да им каже на пациентите да престанат со земањето на антибиотици штом се почувствуваат подобро. Само во одредени услови, како што се туберкулозата, остеомиелитис или други посериозни инфекции чии симптоми се подобруваат иако бактеријата се уште може да вирее, пациентите треба да продолжат да земаат антибиотици се додека не ја завршат целата терапија. Луѓето кои имаат проблеми со нивниот имунолошки систем треба да се држат до советот од нивниот доктор.

Но, кое е вистинското решение?

Гилберт смета дека прекинувањето нема да го зголеми ризикот од отпорност, бидејќи тоа почесто се случува кога пациентот е подложен на пролонгиран третман за оптимална доза. Во многу случаи, нашите тела може да ги исчистат преостанатите бактерии. Дури на многумина пациенти не им се ни потребни антибиотици при респираторните инфекции, бидејќи инфекцијата не е предизвикана од бактерија, па нивното прекинување е сосема безбедно.

Антибиотиците многу брзо ја менуваат природната флора на грлото – бришење на безопасните бактерии и оставајќи го пациентот да создаде отпорни бактерии како што е Clostridium difficile.

Секој доктор препишува различна доза на антибиотици, со пет дневен третман по уринарни инфекции иако доказите покажуваат дека три дневен третман со антибиотици е сосема доволен за една несложена инфекција.

Па ако ви препишат антибиотици, прво прашајте го докторот дали навистина ви се потребни и потоа ако се почувствувате подобро дали може да ги прекинете. Во зависност од инфекцијата, вашиот доктор ќе ви го каже точниот одговор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris