
Пред да се појави на светската сцена со хитот „Hot Right Now”, пејачката Рита Ора морала напорно да работи. Така, во 2009 година се нашла на британската аудиција за песна за Евровизија.
Тогаш 18-годишната поп пејачка во подем ја извела песната “Get here” на Олета Адамс и успеала да ги импресионира членовите на жирито, па дури и Ендрју Лојд Вебер.
Меѓутоа, иако Рита имала можност да ја претставува Велика Британија на Евровизија, таа одлучила да го напушти натпреварувањето, а денес вели дека донела добра одлука.
– Од самиот старт се прашував што воопшто барам тука. Ја испеав песната и си заминав. А потоа почнаа да го бркаат мојот агент и да се распрашуваат за мене – вели Ора.
Наместо неа, таа година Џејд Јуен отиде на Евровизија во Москва со песната на Вебер „It’s My Time”.
– Замислете да останев. Не би се снашла во таа улога. Во најдобар случај би настапила во реалното шоу Splash после тоа. Инаку, го обожувам тоа шоу – вели пејачката.
Инаку, 24-годишната Рита Ора денес е судија во музичкото шоу Икс Фактор, каде што е менторка на девојките.