Џенифер Лоренс: Морав да пијам за да ја снимам првата секс сцена
Во интервју за Hollywood Reporter, славната актерка Џенифер Лоренс, вели дека никогаш ништо не одбива на снимањето на филмовите, но снимањето на секс сцената за неа било “премногу бизарно”.
– Многу се напив, а тоа направи да се чувствувам уште полошо кога си дојдов дома. Зошто го направив тоа? Не знам, ми се вртеше низ главата. А тој è и оженет. Тоа беше прв пат да бакнам оженет човек, а вината е најлошо чувство. Знам дека тоа ми е работа, но не можев да му го објаснам тоа на својот желудник. Ѝ се јавив на мајка ми за да ми каже дека сè е во ред. Бев многу ранлива, не знаев дали ќе претерам. Сакате сè да биде реално, сакате да го направите тоа реално, а потоа…Тогаш се чувствува најранливо до тогаш – вели актерката.
Во последното издание на “The Tonight Show”, таа ги раскажала и своите најнепријатни моменти.