Девет правила за љубовта што секоја жена треба да ги знае

6 јуни, 20150
4

За жал повеќето лекции за љубовта ние жените ги учиме по цена на многу болка, солзи и разочарување. А реално од сето ова би можеле да се поштедиме. Како? Единственото што треба да го правиме е да го слушаме срцето! Не предрасудите, не нечии морални принципи, не евентуалните настани во една маглива и несигурна иднина. Ако ставиме на страна се што е општоприфатено и што влијае на нашата проценка и навистина се заслушаме длабоко во своето срце, тоа ќе ни каже дека…

Не троши ја залудно љубовта на мажи кои не ја заслужуваат. Зошто таа треба да биде чиста, взаимна и да те прави среќна. Се различно од ова, не вреди за трудот, времето и вложените емоции.

Можеш да покажеш на еден маж колку си специјана, но не можеш да го натераш да те засака. Добриот впечаток, привлекувањето и страста се различни чувства од љубовта.

Кога навистина сакаш некого, ти ќе почувствуваш. Ако има потреба самата себе да се убедуваш дека треба да бидеш со даден маж, најдобро е да ставиш крај на тоа што поскоро.

Кога еден маж ти вели дека не е спремен за сериозна врска, послушај го! Тоа не е предизвик за да докажеш дека ти си жената поради која тој ќе го смени своето мислење.

Да ја изразиш љубовта е една од најголемите радости во животот. Затоа немој да бидеш со маж кој не сака да се прегрнувате, бакнувате и допирате. Без разлика какви причини дава за тоа!

Ти сама не можеш да го смениш човекот до тебе. Но начинот на кој го сакаш, можеш!

Врската не е местото каде постојано треба да докажуваш колку умна, силна и добра си. Таа треба да биде местото каде слободно можеш да паднеш и да знаеш дека има кој да ти помогне.

Не е љубов кога некој со начинот на своето однесување сака да ти предизвика болка.

Животот е премногу краток. Затоа не губи го своето време со несоодветни мажи. Како ќе знаеш дека не се вистинските? Слушај ме мене, твоето срце, јас никогаш нема да те излажам…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi