
Протеинската диета ги има своите предности и недостатоци. Со неа најбрзо се намалуваат килограми, но пак е несоодветна за луѓе во години како и не се препорачува да трае повеќе од 2 седмици. Бидејќи, сепак тотално исклучување на јаглехидратите од менито не е најдобрата варијанта.
Ние ви подготвивме една многу ефикасна протеинска диета, а вие сами ќе одлучите колку време да трае, но не повеќе од 14 дена!
Појадок:
Варијанта 1 – кајгана од 6 белки со спанаќ
Варијанта 2 – 100 гр урда и половина печено јаболко
Варијанта 3 – 100 гр тофу со 4 до 5 маслинки
И трите варијанти дозволуваат кафе или чај без шеќер.
Ручек:
Варијанта 1 – 150 гр печено или варено бело месо и 1 домат
Варијанта 2 – 100 гр печено или варено телешко и салата од домати и краставици
Варијанта 3 – 250 гр салата од зеленчук со морски плодови
Вечера:
Варијата 1 – печена риба со додаток грав
Варијанта 2 – 150 гр кисело млеко со ниска масленост и 1 краставица
Варијата 3 – 150 гр црн дроб, печен на скара
За подобри резултати комбинирајте ја диетата и со вежби 3 пати неделно.