Девојка без нога и со лузна по целото тело ќе ве инспирира да се сакате себеси

15 јуни, 20150
5

Некогашен фитнес модел, кој ја изгуби својата нога и има огромна лузна како последица на сообраќајка, испрати моќна порака до светот откако ја научи најтешката лекција – повторно да се сака себеси.

Инспиративната Канаѓанка, која сега е параолимпијка во дисциплината сноуборд, ќе ве научи да си го сакате телото и да не се откажувате од своите соништа.

 

Пред несреќата, признавам… размислував површно. Бев меѓу најдобрите 5 фитнес модели, а најдобрите во индустријата ми велеа дека со моето тело можам да бидам на прво место. Станав опседната со мојот изглед и никогаш не си дозволив да бидам навистина среќна со она што бев или со својот изглед.

Кога се разбудив 8 дена по несреќата која можеше да биде фатална и го погледнав надолу своето тело, се почувствував како Бог да се обидува да ми одржи лекција. Бев шиена од градите до глуждот на ногата. Имав огромна дупка во мојата лева нога, а немаше 75% од мојата десна нога. Изгледав како вуду кукла. Се свртив кон мајка ми и сестра ми и им реков: Никој нема да ме сака ваква.

Но, не знаев дека најтешката битка ќе ми биде да научам да се сакам себеси. Па, прекриена сум со лузни, но тие ја раскажуваат мојата приказна за преживувањето и силата.

Знам дека никогаш повеќе нема да го имам телото кое некогаш го имав и дека никогаш нема да бидам без бојни рани, но знаете што, не ми е гајле, зашто се сакам онаква каква што сум!

Убавината доаѓа однатре и да бидеме реални, кога-тогаш сите ќе имаме брчки и нашите тела ионака ќе се променат. Па, засега ќе го ценам она што го имам, а тоа е тело со моќна приказна.

Мишел била на добар пат да стане најдобар фитнес модел во Канада, кога настрадала во тешка сообраќајка со мотор во 2011 година. Солт си скршила 13 коски, вклучително и карличната коска и имала катастрофална животозагрозувачка повреда на ногата.

Мишел со хеликоптер била префрлена на болница каде се разбудила по 8 дена. Нејзе ѝ биле направени 5 операции, а поради огромното количество крв кое го изгубила од десната нога, таа ѝ била ампутирана. Сепак, Мишел не дозволила несреќата да ѝ попречи во остварувањето на соништата и амбициозно продолжила да се занимава со спортски активности.

04

07

 

По несреќата Мишел станала врвна спортистка и дури учествувала на Параолимписките игри во Сочи, Русија. Со својата моќна порака, таа допре до илјадници лица.

05 06

07

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi