Ким го покажа своето трудничко стомаче

15 јуни, 20150
4
Како и секогаш, каде и да се појави таа, се појавуваат и голем број на фоторепортери. Така беше и во текот на нејзината обиколка низ ексклузивните продавници во Фото. Дали Ким веќе започна да се подготвува за доаѓањето на приновата?

Пред десетина дена беше објавено дека ријалити ѕвездата е повторно бремена. Нејзиниот сопруг Канје Вест и Ким, повеќе пати изјавуваа дека сакаат нивната ќерка Норт да добие братче или сестричка, но поради здравствените проблеми кои што ги имаше таа, нејзината бременост беше доведена под знак прашалник.

 

Сепак, после драмата, прегледите и неколкуте различни доктори, солзите, па и размислувањата за сурогат мајка, радосните вести за семејството Кардашијан – Вест се потврдени. Ким е во раната фаза од бременоста, но нејзиното стомаче веќе помалку се наѕира.

Во текот на првата бременост, Ким доста се поправи, поради што често беше на мета и на критичарите, особено за нејзиниот стил на облекување. Старлетата ни тогаш не се откажуваше од исклучително тесните фустани и високите потпетици, како ниту сега.

Американските медиуми тврдат дека Ким е повторно во паника дека би можела да биде мета на потсмев, па за да избегне такво нешто повторно да ѝ се случи, овојпат таа најми нутриционист кој се грижи за нејзината исхрана и телесна тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi