Диета со туна: 1,5 килограми помалку за 3 дена

5 јануари, 20150
2

Оваа диета ви помага без премногу напор да изгубите 1,5 килограми за 3 дена. Звучи одлично, нели?

Основни информации

Диетата со туна се држи три дена, а потоа четири дена нормално јадете. За време на диетата секој ден порција туна е задолжителна. За време на оваа диета дозволено ви е да пиете чај, црно кафе и вода.

Редовното конзумирање туна има позитивен ефект на телото, бидејќи туната содржи многу витамин Д, омега-3 масти (до 50% го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, ја подобрува функцијата на мозокот и помага во намалување на телесната тежина). Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку масти и дури не е потребно да се зачинува, освен, која сака, неколку капки лимон.

Прв ден

Појадок: 1 чаша црн чај или кафе, ½ грејпфрут или сок, 1 тост со путер од кикирики (или сусам)

Ручек: 100-150гр туна салата со рукола, прачиња краставица, шери домати и (по желба) лажица варена пченка, 1 чаша црно кафе или чај

Вечера: 100гр варено говедско месо, 200гр динстана боранија, 200гр рендан морков со неколку капки лимон, пудинг од ванила (околу 100гр), 1 средно јаболко, 1 чаша црно кафе, чај или вода.

Втор ден

Појадок: 1 чаша црн чај или кафе, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана

Ручек: 200гр туна, 5 крекери, 1 чаша кафе, чај или вода

Вечера: 200гр печени пилешки прсти, 100гр варен морков, 200гр варена брокула, 1 банана, пудинг од ванила (околу 100гр), 1 чаша црно кафе или чај.

Трет ден

Појадок: 1 чаша црн чај или кафе, 5 крекери, 30гр сирење, 1 јаболко со средна големина

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 чаша црно кафе или чај

Вечера: 200гр туна, 100гр варен морков, 100гр варен карфиол, 1 крушка со средна големина, пудинг од ванила (околу 100гр), 1 чаша црно кафе или чај.

Напомена:

Пилешкото и говедското можете да го замените со туна. Оброците распоредете ги така што вечерата ќе биде околу 18:00 часот, и потоа ништо нема да јадете. 30 минутна прошетка секој ден е задолжителна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi