Компири и мед против косопад

5 јануари, 20150
3
Дали е поради промената на температурите или сезоните, дали поради бојадисување, лош сон или диета, понекогаш косата како да си го собира багажот и го напушта скалпот без да дава никакво објаснување.

Маската што ќе ви ја понудиме за да го решите овој проблем се подготвува од нашите омилени храни – компири и мед. Земете еден голем компир и изрендајте го. Исцедете го сокот од него.

Измешајте 2 лажици од сокот од компир со лажица гел од алое и лажица мед.

Нанесете ја смесата во корените и нежно масирајте. Покријте ја главата најпрво со најлон, а од горе со крпа и оставете маската да делува 2 часа.

Маската се применува 2 пати неделно, додека косата не се стабилизира и престане да паѓа. А во меѓувреме можете да уживате во здрава, мека и сјајна коса, бидејќи маската ја подобрува и структурата на влакното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi