Џенифер за прв пат се појави во улога на водителка, иако досега многу пати била номинирана, додека нејзиниот прв настап беше пред 25 години.
Џенифер во улога на водителка на American Music Awards се обиде да ги импресионира сите со дури десет различни фустани кои ги носеше за време на настанот, од кои синиот фустан подигна најмногу прашина во медиумите и ќе остане како еден од најзабележителните. Таа дебитираше како водителка на овој настан во провокативен фустан во сина боја. Таа иако прв пат се појавува како домаќинка, ова секако не и е прв пат како учествува на American Music Awards. Таа пред 15 години беше прв пат номинирана за престижните награди, а пред 25 години го имаше и првиот настап.
Инаку, фустанот што го носеше е со големи прорези кои се задржани со интересни јазли и врвци кои во прден план ги ставија нејзините облини (и кој според многумина ги премина границите на пристојното облекување). Но тоа не беше се – таа за време на настапот се пресоблече дури десет пати. Медиумите веднаш препознаа дека фустанот со потписот на Charbel Zoe е опасна конкуренција на креацијата на Версаче од 2000 година кога Џеј Ло ги маѓепса сите на доделувањето на Греми наградите. Но, тешко дека таа ќе може повторно да го долови истиот момент со зелениот фустан со принт од модната куќа Версаче со која започна нова ера на фустани на црвениот килим. Токму тој фустан е еден од најбараните поими на интернет, а токму тоа ги поттикна и одговорните во Google да го направат својот волшебен пребарувач без кој светот денес би бил сосема поинаков.
Можеби дури и по провокативен а според некои и највулгарен беше фустанот кој го носеше за време на самата церемонија на доделувањето на наградите, за кој и не можеме да кажеме дека сосема одговара на нејзиното тело.
И покрај тоа што станува збор за сцена, фустанот кој ги покрива само стратешките места можеби требало да остане во плакарот. Сепак, Џеј имаше и поумерени изданија, а едно такво беше и во жолтиот комбинезон.
Наградите на своите колеги ги додели во фустан во златна боја со типичен крој за неа – тесен кој ги истакна нејзините облини и со длабок шлиц.
Ова беше фустанот со кој собра најмногу позитивни коментари и лајкови на социјалните мрежи. Станува збор за фустан кој можеби не покажа ништо од нејзините облини, но поради интересните нијанси на розова боја кои се во стилот на Кери Бредшо, можеби е најдоброто издание во кое ја видовме таа вечер.
Кога дојде време за џускање на сцената, таа секако не го направи тоа во нејзините фустани туку беше во бекстејџот и потоа се појави во ова опасно издание.
Како и да е, вечерта дефинитивно беше нејзина, но ние сакаме да ве прашаме која од овие комбинации најдобро и стои на пејачката?
Што ви се допаѓа најмногу?