Моделот и актерката Емили Ратајковски ги изненади модните критичари со својата комбинација за премиерата во Њујорк на филмот “We Are Your Friends”. Иако немаше големи забелешки на стилот на младите ѕвезди, овој пат мислењата се поделени.
Емили беше облечена во костум со чуден истакнат отвор и гол стомакот чиј долен дел личи на некогаш многу популарно здолниште – панталони.
Ние не знаеме дали Емили сакаше да ја врати модата пред деведесеттите или едноставно сакаше да биде различна од своите колеги, само што овој несекојдневен избор привлече внимание. Иако оваа боја одговараше безпрекорно на нејзиниот тен, материјалот од кој е направен не е баш најдобариот избор.
Немаше забелешки за изборот на чевли и чанти, но општиот впечаток предизвика контроверзии кај модни експерти. Што велите вие?