Еве ги причините поради кои се дебеелете

18 ноември, 20150
13

1.Наследна склоност

Склоноста кон поголема тежина може да биде и наследна. Во нашите генетски предиспозиции е предодредено какво тело ќе имаме. Слаба мајка, слаб татко, но не значи дека и детето ќе биде слабо. Гените знаат да „прескокнат” генерации.

2. Неурамнотеженост

Основното правило гласи: она што ќе се изеде ќе мора и да се потроши. Односно, ако внесеме 1.000 калории, мора и да ги потрошиме, во спротивно, оваа проста равенка ја губи рамнотежата и другите несогорени калории ќе останат, односно ќе се претворат во масти и ќе се наталожат во организмот. Во почетокот тој вишок се таложи на стомакот, на бутовите, а подоцна, со текот на времето и годи-ните, во крвните садови, кои полека, но сигурно стареат, па на одредена критична возраст се јавуваат кардио-васкуларни болести.0

3.Поради лошите навики

Наутро- брзо консумиран појадок, за ручек- премногу масно, навечер-премногу доцна и премногу обилна вечера, а се знае дека преку ноќ раз-мената на материи и потрошувачката на калории е минимална. Со ваквиот биоритам на исхрана дебелеењето е неизбежно.

4. Воспитувањето и личниот пример

Децата најчесто ги имитираат, односно ги прифаќаат навиките на своите родители, а да не сме ни свесни за тоа. За здравата и правилна исхрана на секое дете треба да е одговорна неговата мајка. Ако на пример, во вашата исхрана изобилуваат слатките тогаш не очекувајте вашите деца да сакаат да јадат изобилно количество зелка,брокули, целер, моркови.

5. Различен метаболизам

Некои луѓе, едноставно имаат брз метаболизам и може да внесат и повеќе од 3500 калории дневно, а да не се здебе-лат. Други, пак, народски кажано, и од вода се дебелеат. Малкумина ја имаат таа среќа да може да јадат што сакаат, а притоа да не се дебелеат.

6. Кога телото најдобро се чувствува

И покрај нашата тежина од сништата, сепак постои соодветна тежина кон која телото се стреми и настојува да ја врати кога ќе ослабе. Во борбата на долги патеки можно е евентуално отстапување од два до три килограми.

7. Резерви- квантитативни и квалитативни од детството

Масните клетки, нивниот број и големина се создаваат уште во најраното детство и како такви остануваат во телото во текот на целиот животен век. Секако, тоа не мора да значи дека дебелото дете треба да биде засекогаш дебело или дебелиот човек вечно дебел, но постои потенцијална можност. Дали ќе ја иско-ристи таа можност во детството-зависи од родителите, а подоцна лично од поединецот и неговиот животен став и стил. Масните клетки никогаш не умиrаат, само се празнат и чекаат повторно полнење, а постои теорија дека се размножуваат, затоа никогаш не претерувајте.

8.Психолошки причини

На фрустрациите, на стресот и на бесот нашиот мозок не одговара соодветно. Има потреба од зголемено количество калории и енергија. Тој проблем најдобро ќе се надмине со зголемена физичка активност. Кој било спорт е одличен амортизер на стресот, на фрустрациите и на бесот од каква било природа. Дури и каква било вежба во домот или во канцеларијата може да е корисна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber