Ѓумбир – најдобра терапија и лек

18 ноември, 20150
12

Ѓумбирот е меѓу најмоќните природни лекови за здравјето на нашиот организам. Постојат бројни начини за негово користење, има широк спектар на делување и затоа е корисно да го имаме секогаш при рака и да го користиме секојдневно.

Ѓумбиротерапијата се потпира на лековитите својства на овој корен, кој може да се користи самостојно или во комбинација со други лековити состојки, билки, зачини или масла, па со соодветно дозирање и употребуван на правилен начин, дава најмногу од себе.

Рецептите се многу едноставни, силни и делотворни:

 1.Чај од свеж ѓумбир

Домашниот чај од ѓумбир е еден од најдобрите лекови за настинка, грип, појава на болки во грлото и убалжување на дигестивните тегоби. Чајот делува смирувачки, ја помага циркулацијата и е многу корисен зимски напиток. Постојат повеќе начини за негово приготвување, но ова е наједноставниот:

Состојки:

200 мл вода

1 лажичка свеж ѓумбиров сок

Постапка:

Свежиот ѓумбир ситно изрендајте го, исцедете го, па една лажичка од сокот ставете во чаша превриена вода. Ако овој чај ви е премногу силен, малку разредете го или засладете го со мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *