
570 милиони години еволуција! Тоа е прилично големо градиво. Ако го гледате во 60 секунди подобро да не трепкате за да не пропуштите нешто.
Прво доаѓаат членконогите. Потоа некои видови на риби, па растенијата на земјата, инсектите, водоземците и рептилите. … и некаде на крајот се појавуваме ние луѓето.
Ако сакате подетално да се потсетите на еволуцијата на земјата можеби сепак ќе ви требаат повеќе од 60 секунди, па можете да погледнете како Карл Саган ја објаснува еволуцијата во 8 минути.