Филмски хит: Вака изгледа покана за свадбата на Северина и Игор

15 ноември, 20150
4

Српската фолк-пејачка Нада Топчагиќ на својот профил на Фејсбук објави фотографија од наводната покана за свадбата на Северина и Игор Којиќ која повеќе изгледа како филмски плакат отколку покана.

Хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ (43) и фудбалскиот менаџер Игор Којиќ (28) својата свадбена прослава ќе ја одржат на 22 ноември во Белград. Иако подготовките за свадбата се одвиваат тајно, одвреме навреме во јавноста протекува некој интересен детаљ.

Српската фолкерка Нада Топчагиќ на Фејсбук ја објави поканата за венчавката на годината. Доколку и се верува на Нада, младенците испратиле покани кои изгледаат како плакат за филм со наслов „Мојата српска венчавка“. Плакатот го краси фотографија од Севе и Игор, а станува збор за „романтична комедија со плескавици, кајмак и кромид“.

12227775 1013865892001826 6713927194457377445 n

– Добив покана за уште една веселба кај драгиот пријател Кеба и неговата сопруга Оља, да присуствувам на свадбата на неговиот син Игор и пејачката Северина – напишала пејачката на Фејсбук покрај објавената покана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi